Пораз за Бенфика и Талески, бундес-дуелот во ЕЛ без победник

Македонскиот интернационалец Филип Талески немаше учинок во мечот на неговата Бенфика која загуби од Бидасоа Ирун (27-28) на отворањето на втората рунда во Европската лига на ЕХФ.

„Орлите“ одиграа еден драматичен меч со шпанскиот ривал кој изби на врвот со триумфот. Голот падна на минута пред крајот. Талески немаше учинок за Бенфика на оваа средба. 

Мелсунген и Кил испуштија бодови на отворањето на втората фаза, затоа што одиграа нерешено во меѓусебната пресметка (26-26). Во тимот на Парондо, најдобар беше Менсиг со шест гола, додека кај „зебрите“ Јохансон имаше осум гола.

Порто не виде мака со Војводина, ја доби со 29-20, предводен од Диоку со пет гола. Кај српскиот првак Кавчиќ и Силва реализираа по шест пати.

Во последниот меч Тулуз немаше проблеми со Татабања (35-28).