Пораз од Фарски Острови за шесто место на Македонија на ЕХФ-шампионатот

Македонија

Младинската репрезентација на Македонија денес загуби од Фарски Острови на последниот меч на ЕХФ-шампионатот кој се одржува во Литванија.

Нашите репрезентативки одиграа очајно во првиот дел и немаа сили да ја анулираат високата негатива. По 30 минути противникот водеше со 16-10, а на крај запиша победа од 30-28.

Селекторот Јулијана Дамчевски ја предводеше екипата во две победи и три порази за конечно шесто место на шампионатот.

Победи беа запишани против Грузија и Косово, а неуспеси донесоа мечевите против Литванија, Фарски Острови и Швајцарија.