Тимот на ЖРК Вардар годинава нема да игра во Лигата на шампионите и остана без сите ѕвезди кои пет години го носеа „црвено-црниот“ дрес и пет пати стигнуваа до завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Во претстојната сезона, предмет на интерес на македонската јавност и дел од навивачите ќе бидат клубовите каде што заминаа дел од вардарките.
Србинките Драгана Цвијиќ и Андреа Лекиќ, Црногорката Јованка Радичевиќ и Словенката Барбара Лазовиќ, повторно ќе бидат во ист клуб, а станува збор за ЦСМ Букурешт. Со романскиот клуб ќе се обидат да го направат тоа што не им успеа со Вардар, да стигнат до толку посакуваната европска титула.
Тие веќе се во Букурешт и ги започнаа подготовките со новата екипа за претстојната сезона.