Поранешните вардарци го срушија ПСЖ, Барса слави четвртфинале на ЛШ

Францускиот гигант ПСЖ загуби во Унгарија од ПИК Сегед со 32-29 (15-18) во рамките на 12. коло од групата А на Лигата на шампионите. Овој пораз на „светците“ на Раул Гонзалез од неговиот учител Хуан Карлос Пастор значи дека Барселона ќе биде победник во групата и директно се квалификува во четвртфиналето. Од групата Б, каде што игра Вардар, четвртфиналето на неколку кола пред крајот на групната фаза ја обезбеди бундеслигашот Кил.

Иако три четвртини од натпреварот првакот на Франција водеше, ПИК Сегед, воден од двајцата поранешни вардарци Македа и Кањељас, фуриозно го заврши натпреварот. ПСЖ во 35. минута имаше и шест гола предност (15-21), но ПИК Сегед со агресивна одбрана направи серија и изранми на 23-23. Иако пак ПСЖ поведе, сепак Унарците од -2 дојдоа до +3 и голема победа од 32-29.

Најефикасни во тимот на ПИК Сегед беа Кањељас со десет, Шоштариќ со шест и Македа со пет гола, а кај ПСЖ се истакнаа Хансен со седум и Ремили со шест гола.

Победа освојува и тимот на Алборг, кој пред својата публика го совлада првакот на Словенија, Целје Пивоварна Лашко со 28-24. Бартолд и Маршер со по пет гола беа најефикасни во тимот од Скандинавија, а Хорзен со пет и Шарац со четири погодоци се истакна кај Целје.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3