• Горан Упале
Алан Тоскиќ, поранешниот член на европскиот шампион Вардар, сврти нова страница во својата кариера, откако прифати да биде играч-тренер во редовите на унгарскиот Чурго.
Амбициозниот унгарски прволигаш се реши да го назначи искусниот кружен напаѓач да биде и тренер на тимот, иако актуелниот договор на Тоскиќ како играч му трае до јуни 2020 година.
„На почеток ова ќе биде улога на играч-тренер. Среќен сум што добив ваква шанса и што луѓето од клубот ми веруваат. Верувам во себе, а екипата верува во она што го работиме. Резултатите ќе дојдат. Не може ништо преку ноќ“, рече Тоскиќ за „Балкан Хендбол“.
Српскиот интернационалец во Чурго се пресели во 2018 година од редовите на Целје Пивоварна Лашко, а своето деби како тренер-играч го имаше против ВАЦ во победата од 29-23.