• Горан Упале
Словенечкиот ракометар Грегор Оцвирк ќе впише нов клуб во својата кариера, затоа што и официјално ги напушта редовите на Кристијанштад.
Поранешниот член на Вардар пред две години се пресели во шведскиот прволигаш, а откако не доби понуда за продолжување на соработката, јасно е дека во новата сезоната ќе ги браните боите на нов клуб.
„Заклучивме дека најдобро за Оцвирк е да го напушти Кристијанштад. Во него има голем потенцијал, го гледаме тоа на секој тренинг. За него има интерес од многу екипи и сигурни сме дека ќе го направи вистинскиот избор“, велат од редовите на шведскиот клуб.
Словенечкиот ракометар својата кариера ја започна во Целје, а пред да се пресели во Вардар настапуваше уште за Марибор, Словен градец, Ормож...