• Зоран Мишевски
Откако вчера спогодбено го раскина договорот со Звонко Шундовски, романскиот клуб Доброгеа Суд денес го назначи Србинот Ѓорѓе Чирковиќ како нов тренер на екипата. Ова е враќање на младиот српски стручњак во романскиот ракомет, каде веќе еднаш го водеше клубот од Констанца.
Поранешниот предводник на Еурофарм Работник не работеше по заминувањето од Македонија во февруари годинава.
„Ситуацијата е тешка. Не можам многу да променам во ракометната филозофија, но можам да променам околу играчите, нивниот став, желба. Момците сакам да играат еден за друг, да бидат како една целина“, рече српскиот стручњак на промоцијата.
По подолго време Доброгеа Суд од Констанца нема ниту еден Македонец во своите редови, откако долги години дел од овој клуб и најголемите успеси беа Шундовски, Ангеловски, Митревски, Велко Маркоски, а за оваа екипа играше и Црногорецот кој долги години играше во Македонија, Младен Ракчевиќ.