Поранешниот шампион Борец сепак ќе игра во Првата лига

Три машки македонски клубови се откажаа од настапот во Првата лига. Меѓу нив е најстариот македонски клуб, Работнички, а и Ринија и Ѓорче Петров.

Некогашниот шампион на Македонија и освојувач на ракометниот Куп на Македонија, велешки Борец најнапред го откажа учеството во овогодишното ракометно првенство, што беше голем удар за градот и за ракометното движење воопшто. Сепак, клубот потврди дека редовно ќе го одигра натпреварувањето со млади ракометари од Велес.

Зз Велес останува да се натпреварува и екипата на Бисинов, која се пријави во Првата ракометна лига  - група А. Првиот натпревар е веќе следниот викенд, а велешани го пречекуваат тимот на Текстилец од Штип.

Сепак со оглед на новонастанатата ситуација можно е во најбрзо време да има ждрепка за нови натпреварувачки броеви и ќе биде познат новиот распоред.