Поранешниот македонски селектор го продолжи договорот со Подравка

Хрватскиот ракометен стратег и поранешен селектор на Македонија, Ивица Обрван, го продолжи договорот со Подравка и ќе се задржи во Копривница до крајот на сезоната 2026/27, соопшти клупската управа. 

58-годишниот Обрван првпат во кариерата доби ангажман во женскиот ракомет, но тоа се покажа како полн погодок за сите страни. Со Подравка успеа да триумфира во првенството и во Купот, а воедно стигна и до четвртфиналето на Европската лига. 

Сезонава тимот бележи одлични резултати и во првите осум кола од Лигата на шампионите има седум бода (три победи и едно реми). Сето ова беше доволна причина за продолжување на соработката со Обрван, кој во минатото беше тренер на повеќе клубови, а работеше и како селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.