Поранешниот клуб на бројни македонски ракометари конечно ќе добие модерна сала

Поранешниот романски шампион Доброгеа Суд Констанца, каде низ годините наназад беше примамлив за бројни македонски ракометари, конечно ја доби можеби најголемата битка во поновата историја. 

Клубот пред неколку години од врвот, падна на дното и беше исфрлен од романската елита, но за краток период се врати на местото каде што припаѓа, а сега ја доби најдобрата вест од градските власти.

Во Констанца конечно ќе се гради сала која ги задоволува сите стандарди на ЕХФ и ИХФ. Капацитетот ќе биде од 5.000 седишта, а во склоп на салата ќе има уште и вежбалница, помошни терени, сала за прес-конференции и сите попратни работи за професионално работење на еден ракометен клуб. 

Досега, Костанца своите домашни натпревари во европските шампионати ги играше надвор од својот град, а новата сала која ќе вреди 15 милиони евра најверојатно ќе биде готова за две години. 

Во минатото, боите на Костанца ги бранеа Бранислав Ангеловски (и како играч, а потоа и како директор), Никола Митревски и Велко Маркоски, а долги години на клупата седеше Звонко Шундовски.