Поранешниот голман на Металург изненадувачки се сели во Израел

Ракометниот пазар се разгорува, иако има уште многу време до почетокот на новата сезона 2020/21. Поранешниот голман на Металург, српскиот интернационалец Дарко Арсиќ, потпиша договор на две години со Рамат Хашарон во Израел.

31-годишниот Арсиќ имаше многу понуди оваа пролет, дури постоеше интерес и комбинации со македонски суперлигаши, но сепак се одлучи за прво искуство во израелскиот ракомет. Во претходните неколку сезони Арсиќ го чуваше голот на Трембле, во првата француска лига, но на истек од договорот, и клубот и ракометарот се одлучија за нов почеток.

Арсиќ во сезоната 2016/17 го бранеше голот на Металург, но не се задржа предолго во Автокоманда, заради финансиската криза на македонскиот клуб. Претходно, Арсиќ бранеше за Металопластика. 

За српската репрезентација високиот голман запиша два настапи.