Поранешниот чувар на мрежата на Пелистер се сели во Шпанија

Поранешниот голман на Пелистер, Харис Плех својата кариера ќе ја продолжи во една од најсилните ракометни лиги на светот.

Босанскиот чувар на мрежата помина две одлични сезони во Португалија, носејќи го дресот на Спортинг де Хорте, а негова нова дестинација ќе биде шпанскиот клуб Балонмано Нава, тим кој се натпреварува со шпанската елита. Плех е дете на МРК Горажде, а во својата кариера го носеше и дресовите на атински АЕК, фински Хелсинки и Пелистер.

На голот на португалскиот Спортинг де Хорте, имаше висок процент на успешни интервенции во португалскиот шампионат, а заминувањето во Шпанија ќе претставува огромен чекор напред во неговата кариера.