• Горан Упале
Португалскиот репрезентативец Серхио Барош по две сезони си замина од Шпанија и се сели во романската Прва лига. Левото крило на португалскиот национален тим потпиша за Политехника Темишвар и ќе се обиде да се наметне и во романскиот шампионат.
Искусното лево крило имаше две одлични сезони во АСОБАЛ лигата, кои му обезбедија сигурно место во репрезентацијата на Португалија, со која одигра одлично Европско првенство.
28-годишниот Барош е познат во македонската ракометна јавност, особено во битолската, затоа што своевремено го носеше дресот на Еурофарм Работник.
Тогаш, во Битола се пресели од редовите на Спортинг Лисабон, а по авантурата во Македонија настапуваше уште за турска Бурса.