• Горан Упале

Македонскиот ракометен суперлигаш, Охрид го претстави своето второ големо засилување за новата сезона.
Во периодот кога се очекува Стевче Алушовски да биде назначен за нов тренер на тимот, во Охрид пристигнува уште едно име кое што е добро познато за македонската ракометна јавност. Нов член на „гладијаторите“ е Теимураз Орјоникидзе, грузиски репрезентативец кој настапува на левата бековска позиција.
„Пресреќен сум што се враќам во Македонија, ова е земја на ракометот и задоволство ми е што ќе играм тука. Охрид има одличен тим и проект и чест ќе ми е да сум дел од него!
Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и заедно со нашите фанови ќе славиме многу победи“, изјави Орјоникидзе.
27-годишниот репрезентативен бек во Охрид доаѓа од екипата на Кокс, Финска. Претходно настапуваше во Романија и Унгарија, како и во македонското првенство во Еурофарм Пелистер и Прилеп.
Со своите одлични настапи ѝ помогна на Грузија за првпат да се најде на Европското првенство во 2024 година.