Поранешна вардарка објави крај на богатата кариера

Екс голманката на ЖРК Вардар, Амандин Лејно, објави дека заминува во пензија на крајот од тековната сезона.

Французинката беше дел од македонскиот клуб во период од 2013 до 2018 година. Со неа на голот, „црвено-црните“ ги запишаа најголемите успеси и одиграа две финалиња во Лигата на шампионите.

Една година подоцна, искусната голманка замина во Ѓер, каде се израдува на трофејот во елитното клупско натпреварување. Оваа сезона за неа е последна во дресот на унгарскиот гигант.

За својата репрезентација одигра 254 натпревари и освои олимписко, европско и светско злато. Вкупно се израдува на осум одличја со францускиот национален тим.