Поранешен вардарец потпиша едногодишен договор со нов словенечки прволигаш

Брумен

Словенецот Матјаж Брумен наредната сезона ќе игра во редовите на екипата на Гросист Слован. Искусниот ракометар ќе придонесе во конкуренцијата на десната крилна позиција, потпишувајќи договор на една сезона.

Тимот од Љубљана прослави пласман во елитата на словенечкиот ракомет по две години пауза и успеа да се договори со атрактивно име кое ќе помогне со своето искуство.

„По долго време, убаво е да се вратим во Љубљана. Иако живеам во Копер, јас сум среќен што се вратив во овој град. Сакам и се надевам дека ќе му помогнам на тимот што е можно повеќе. Верувам дека здравје ќе биде во наша полза во текот на целата сезона и дека ќе се запознаем со моите нови соиграчи на теренот што е можно поскоро. Му благодарам на тренерот Алеш Репина и раководството на клубот за довербата“, изјави 37-годишникот.

Брумен во кариерата има настапувано за многу клубови, меѓу кои беше и македонски Вардар. Тој престојуваше во Македонија во периодот од 2013 до 2016 година.

Поголемиот дел од ракометниот живот го помина во родната Словенија, а играше уште за Нексе Нашице.