• Горан Упале

РК Илинден продолжува со комплетирањето на стручниот штаб за новата сезона, а ново име во клубот е поранешниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски, кој ќе ја извршува функцијата помошник тренер.
Пецаковски зад себе има богата играчка кариера, настапувајќи за сите најдобри македонски клубови, меѓу кои Пелистер, Металург, Вардар, Зомимак, Еурофарм Работник и Пролет, а интернационално искуство стекна и во редовите на тунискиот Клуб Африкан.
На репрезентативен план, беше капитен на младинската селекција на Македонија која настапи на Светското првенство во 2007 година, а подоцна беше дел и од сениорската репрезентација на Европското првенство во Данска во 2014 година.
По завршувањето на активната кариера, Пецаковски се посвети на тренерската работа, а во РК Илинден ќе има задача своето богато искуство, знаење и победнички менталитет да ги пренесе на младите ракометари.