Поранешен македонски репрезентативец е нов спортски директор на Партизан!

Ракометниот клуб Партизан назначи нов спортски директор, кој е добро познат на македонската ракометна јавност. Станува збор за поранешниот наш репрезентативец и член на Металург, Ренато Вугринец.

Новиот спортски директор на клубот по пристигнувањето изрази задоволство што ќе работи во клуб со голема традиција и шампионски амбиции.

„Мило ми е што станав дел од семејството кое е ракометниот клуб Партизан. Две години живеам во Белград и целото мое семејство е „Гробари“. Во клубот дојдоа луѓе со големи амбиции и по само една средба прифатив да ја преземам улогата на спортски директор. 

Партизан со својата историја и традиција заслужува да биде на пат кон освојување титули, а верувам дека сите вистински ракометни фанови во Србија сакаат српски клуб повторно да игра во Лигата на шампионите“, рече Вугринец.

Најголемиот успех на Вугринец како ракометар беше освојувањето на Лигата на шампионите со Целје во 2004 година. 

49-годишниот поранешен десен бек за Металург играше од 2012 до 2015, а дресот на Македонија го носеше две години.