• Мартин Танасковски
Искусниот ракометар Бакари Дијало би можел да биде едно од најинтересните имиња на претстојниот трансфер-пазар во Франција. Според извори од француските медиуми, ракометарот на Тулуз е во сериозен фокус на неколку водечки клубови.
31-годишниот Дијало важи за моќен бек со исклучително силен шут, изразена физичка доминација и докажан квалитет во ЛНХ-лигата, што го прави исклучително атрактивна опција за клубовите кои имаат високи амбиции и во домашните, но и во европските натпреварувања. Токму тие карактеристики го позиционираат како еден од најбараните играчи на својата позиција во моментов.
Како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат Нант и Монпелје, два клуба со силен ростер и редовно присуство на европската сцена. Неофицијално, на маса веќе има две конкретни понуди, што дополнително ја загрева трансфер-ситуацијата околу ракометарот на Тулуз.
Иако засега нема официјална потврда ниту од играчот, ниту од клубовите, јасно е дека Дијало се наоѓа пред важна одлука во својата кариера. Французинот своевремено настапуваше за Вардар 1961, чиј член беше во сезоната 2021/22.

