Поради семејни причини вардарецот Вујин отпадна од списокот на Џерона

Новиот српски селектор Тони Џерона го направи првиот „рез“ од својот список на ракометари на кои ќе смета во првите подготовки со селекцијата на Србија..

Шпанскиот стратег денес ги објави имињата со кои ќе ја започне својата прва мисија како селектор на „орлите“, а меѓу имињата го немаше она на искусниот бек на Вардар, Марко Вујин. Џерона даде и објаснување зошто немаше место за вардарецот, како и браќата Илиќ и Немања Зеленовиќ.

„Во текот на овој период, редовно имамвме состаноци на стручниот штаб, на кои ја следевме формата на играчите и разговараме за нивните квалитети. Ситуацијата во која живееме ни донесе повторно предизвици со кои треба да се справиме. Од семејни причини, на овој собир ќе останеме без Немања Зеленовиќ, браќата Илиќ и Марко Вујин. Имаме разбирање за тоа“, рече Џерона.

Новиот селектор на српската репрезентација, Шпанецот Тони Херона, дополнително го повика ракометарот на Металург, Стефан Додиќ.

Својот прв собiр Србија ќе го има на 27 јануари во Стара Пазова. Српската репрезентација на 5 јануари се среќава против Франција во Зрењанин, а на 9 јануари гостува во Кретеј. Третиот натпревар од јануарскиот ЕХФ прозорец ќе го одигра 13 јануари во Зрењанин против Грција.

Натпреварите од евро-квалификациите се играат во јануари, бидејќи во ноемвриските квалификации многу натпревари беа одложени.

Во списокот на Џерона се најдоа следните ракометари: