Поповски, Ончев и Ѓорѓевски добија прекоманда во сениорскиот тим на Вардар

Тројца ракометари од составот на Вардар јуниор од денес ќе тренираат со сениорскиот тим. Се работи за голманот Даниел Ѓорѓески, крилото Мартин Поповски и бекот Тоше Ончев. Тие веќе ги почнаа подготовките со екипата за новата сезона и денес ќе се појават на прозивката од 17.00 часот.

„Голема чест е да се тренира со овој тим на Вардар и да се учи од најдобрите. Се тридиме да работиме максимално, да „украдам" нешто плус од најдобриот голман во Лигата на шампионите. За разлика до лани кога играв во Вардар јуниор сега се посериозни тренинзите, можам, и очекувам да напредувам. Верувам ќе добијам и повеќе шанса за докажување. Знам дека ќе биде тешко, но подготвен сум. Повеќе ќе треба психички да се одговори на задачите, но имам подршка од колегите и верувам брзо ќе се вклопам, вели Даниел Ѓорѓески.

На првиот собир на тимот на Раул Гонзалез ќе се појават 20 ракометари, и тие деновиве ќе тренираат во Скопје каде ќе ги изршат и неопходните лекарски прегледи. Ончев, Ѓорѓески и Поповски и лани тренираа повремено со екипата и настапуваа на неколку натпревари од СЕХА лигата, а сега е го минат целиот тренажен процес пред почетокот на сезоната. Шанса да тренира доби и Тоше Ончев кој исто така доаѓа од тимот на Вардар јуниор.