Поповиќ со силна Црна Гора на чело со Радичевиќ на мегдан со Македонија

Македонската женска ракометна репрезентација на почетокот на следниот месец ќе ги започне подготовките за новата ЕХФ недела, во која сениорките ќе одираат два натпревари од ЕХФ Еуро Купот против селекцијата на Црна Гора. 

Нашиот предводник Љубомир Савевски веќе ги откри адутите и го соопшти списокот на повикани ракометарки, а денес тоа го направи е Бојана Поповиќ, селекторот на женската репрезентација на Црна Гора.

Поповиќ за дуелите со Македонија ќе смета на најдобрите ракометарки што Црна Гора ги има во овој момент. Тоа значи дека во нејзиниот состав ќе биде поранешната ѕвезда на Вардар, Јованка Радичевиќ, како и Павичевиќ, Деспотовиќ...

Списокот на Црна Гора за ЕХФ Купот:
Голмани:

Марина Рајчиќ (Кастамону, ТУР), Марта Батиновиќ (Глорија, РОМ), Анастасија Бабовиќ (Будуќност), Љубица Ненезиќ (Глорија Бузау, РОМ)

Кружни напаѓачи:
Татјана Брновиќ (Будуќност), Ема Рамусовиќ (ЧСМ, РОМ), Николина Вукчевиќ (Будуќност)

Крила:
Јованка Радичевиќ (Кастамону, ТУР), Мајда Мехмедовиќ (Кастамону, ТУР), Дијана Мугоша (Подравка, ХРВ), Ивона Павичевиќ (Будуќност), Дијана Ујкиќ (Бург де Пеж, ФРА), Нина Булатовиќ (Будуќност)

Бекови:
Матеја Плетикосиќ (Будуќност), Итана Грбиќ (ФТЦ; УНГ), Милена Раичевиќ (Кастамону, ТУР), Јелена Деспотовиќ (Ѓер, УНГ), Тања Ашанин (Мошонмаѓаровар, УНГ), Наташа Чоровиќ (Будуќност), Ѓурѓина Маловиќ (Тулон, ФРА)

Првиот натпревар меѓу Македонија и Црна Гора ќе го одигра во Скопје на седми октомври во СЦ „Борис Трајковски” во 20:15 часот, а вториот на програмата е на десетти октимври во Подгорица.