Поповиќ: Психички бевме одлични и заслужено обезбедивме групна фаза

Металург му се приклучи на Еурофарм Пелистер и ќе игра групна фаза во Европската лига. На реваншот против Кринс, тимот од Автокоманда загуби минимално и ја одбрани предноста од два гола остварена пред една недела.

Задоволство од одиграното по мечот изрази црногорскиот интернационалец Милан Поповиќ:

„Борбата траеше цели 120 минути. Мислам дека секој од играчите го даде својот максимум и во моментите кога го загубивме позитивниот резултат, не ја загубивме главата и психички го издржавме огромниот притисок и на крајот ја остваривме зацртаната цел. Би сакал да им се заблагодарам пред сè на навивачите кои беа на трибините кои нè бодреа на целиот натпревар. Мислам дека го дадовме максимумот и покрај сите грешки што ги имавме, верувавме до крајот и заслужено се пласиравме во групната фаза. 

Сега е време да славиме и да видиме каква ќе биде нашата група и повторно, како и во оваа, да даваме сè од себе на секој натпревар во групата. Сигурно дека таа посветеност и напор ќе ни врати со бодови и ако ни се отвори прилика, зошто да не и да ја поминеме групата“ , изјави 30-годишникот.

Металург издржа во неизвесната завршница и успеа да ја оствари целта која ќе му донесе европски натпревари во тековната сезона.

Најнови вести од
Европска лига (М)