Поповиќ: Овој Пелистер може многу повеќе, во плеј-офот ќе покажеме што знаеме

По турболентната есен и раната смена на Томе Петрески со Јошко Петковиќ, битолски Пелистер се чини дека оваа пролет влезе во посакуваниот ритам и заслужено се избори за ново учество во плеј-офот на Суперлигата. 

Убедливо најдобриот ракометар на „зелено-белите“ оваа сезона, Милан Поповиќ, за Gol.mk вели дека и покрај големите проблеми на стартот на сезоната, Пелистер ја оствари првата зацртната цел, а смета дека тимот сè уште не го покажал своето најдобрo лице. 

„Имаше големи осцилации во играта во првиот дел од сезоната, но тогаш екипата беше нова, составена од нови играчи и тоа и се очекуваше. Сепак, успеавме да се вратиме на вистинскиот пат, и во вториот дел ги оправдавме очекувањата од фановите и се пласиравме во плеј-офот. Добивме многу со доаѓањето на Станојевиќ и Гуглета, но сигурен сум дека оваа екипа сè уште не го покажала своето најдобро издание. Посакуваме својот полн потенцијал да го покажеме во претстојното разигрување“, вели црногорскиот репрезентативец. 

Пелистерци својот прв натпревар во плеј-офот го играат на гости кај Металург, а Поповиќ смета дека покрај Вардар кој е над сите, останатите екипи ќе бијат рамноправна битка за подобар пласман. 

„Можев да забележам дека сите екипи ветуваат многу и се „закануваат“, но јас сметам дека Пелистер својот збор ќе го каже на терен и ќе докаже дека вреди. Наша цел е место во Европа, а секако доколку ни се пружи шанса за некој подобар резултат сигурен сум дека ќе ја искористиме. Едно на сите ни е познато - Вардар е над сите, додека од останатите ниту една екипа не отскокнува со својот квалитет“, заврши Поповиќ. 

Натпреварот меѓу Металург и Пелистер на програмата е утре со почеток од 18:00 часот, а истиот во живо ќе можете да го гледате на ОВОЈ линк. 

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 3 2 0 1 92:80 12 6
2 ВардарВардар 2 2 0 0 63:54 9 6
3 МеталургМеталург 3 2 0 1 85:84 1 6
4 ПелистерПелистер 3 1 0 2 81:88 -7 3
5 Пролет 62Пролет 62 3 1 0 2 78:88 -10 3
6 Бутел СкопјеБутел Скопје 2 0 0 2 51:56 -5 0