Поради тоа што на претходните натпревари помеѓу двете најдобри полски екипи, Киелце и Висла Плок, имаше многу забелешки за работата на судиите, Ракометната федерација на Полска за првото овосезонско дерби одлучи да покани судии од странство.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов важат за најдобрите македонски, ако не и европски судии. Дуото со големо реноме секоја седмица има обврски на големата сцена, ги мина сите големи натпреварувања, а сега доаѓа уште еден значаен момент за нивните кариери.
Полскиот ракометен гигант, Киелце, имаше сезона за заборав. Откако пред една години ги реши финансиските проблеми и сигурно зачекори кон новите предизвици, тимот потфрли во Лигата на шампионите и забележа елиминација уште во осминафиналната фаза.