Полска ракометна легенда е нов спортски директор на Киелце

Европскиот вицешампион има нов спортски директор. Поранешниот полски репрезентативец Михал Јурецки, кој во средината на месец октомври објави дека ја завршува спортската кариера, е новиот спортски директор на Киелце, клуб во кој Јурецки го помина најголемиот дел од својата кариера.

Поранешниот лев бек е дел од историјата на полскиот машки ракомет, како еден од најдобрите ракометари. Тој дебитираше во 2005 година за националниот тим, каде беше меѓу лидерите.

Јурецки со Полска освои сребро на Светското првенство во Германија во 2007 година и две бронзи на СП 2009 и СП 2015 година, а играше и во полуфинале на Летните Олимписки Игри во 2016 година.