Полска парираше едно полувреме, „фуријата“ граби кон четвртфиналето

Еден од фаворитите за светска титула, двојниот европски првак со Жорди Рибера како селектор, репрезентацијата на Шпанија, ја запиша и четвртата победа во Краков. Мундијалкото отворање на главната групна фаза и на хартија досега најтешкиот ривал, домаќинот Полска, Шпанците го совлада со 27-23 (16-15) и се на чекор до четвртфиналето.

Првото полувреме беше интензивно и полно со голови. На „проектилите“ на браќата Душебаеви, одговараше Сичко и Полска не дозволи „фуријата“ да се одлепи. Неколку пати Шпанија имаше +3 во првиот дел, но со два гола во последната минута, Полска намали на 16-15 на крајот на првиот дел. За издвојување се одличните последните десет минути на Жоан Кењаљас, автор на два гола и две асистенции. 

Десетина минути на почетокот од вториот дел се играше израмнето, а потоа со Алекс Душебаев како среден бек и Гонзало на голот, Шпанија побегна на +4. Искусна селекција како тимот на Жорди Рибера не ја испушти предноста. Сичко спушти до -2, но Касадо и Соле ја потврдија победата на шпанската репрезентација (27-23). 

Најефикасни во шпанскиот табор беа Алекс Душебаев, Фигуерас и Фернандез со по четири гола, а кај Полска одличен натпревар одиграа Сичко со седум и Морито со пет гола.