• Зоран Мишевски
Во првиот натпревар од второто коло на Европското првенство во Австрија. Швајцарија и Унгарија, полската репрезентација ја совлада Португалија со 22-21 (11-10) во Базел и го отвори третиот натпреварувачки ден на шампионатот.
Почетокот најави натпревар со голема збрка и многу грешки. Долго се играше изедначено и се менуваше водството. Кобилинска со серија на голови го одлепи полскиот национален тим, но Португалија брзо се врати. Натпреварот мина во фаза со многу грешки и малку голови, па во финишот се влезе со егал резултат. Кога најмногу требаше погодија Кочињак и Росиак, а Вдовиак двапати одбрани и Полска стигна до значајна победа од 22-20.
Најефикасни во полскиот табор беа Кобилинска со седум и Балсам со четири гола, а кај Португалија се истакнаа Фереира Лопез со пет и Емидио Родригез со четири гола. Попладнево и вечерва се играат преостанатите пет натпревари од второто коло, а Македонија и Турција својот дуел го играат вечерва од 20:30 часот.