Полска го впиша првиот триумф и ја урна мечтата на Романија за петто место на ЕП

Репрезентацијата на Полска конечно покажа дека не е случајно во втората фаза на Европското првенство и успеа да ги впише првите бодови со победата над Романија со конечни 29-24. 

Романките имааа минимална предност на паузата (11-10), солидно го започнаа и второто полувреме, но Полска успеа да дојде до убава серија во периодот околу 45. минута и поведе со 19-24, по што стана јасно дека ќе успее да ја запише премиерната победа во првата група. 

До крајот на мечот Романија се обиде да стори нешто повеќе и да се врати во неизвесност, но немаше сили за нешто поконкретно и загуби со конечни , со што дефинитивно ги загуби шансите за разгрувањето за петтото место во конечниот пласман. 

Најефикасни ракометарки во победничкиот состав беа Дагмара Ноцун и Магда Балсам со по пет гола, додека на спротивната страна прво име беше Сорина Грозав со седум погодоци.