Полман МВП на Мундијалот, две екс вардарки во идеалниот тим

Холандската ракометарка Естевана Полман е прогласена за најкорисна ракометарка (МВП) на Светското првенство кое денес заврши во Јапонија. Холанѓанката, која е позната и како девојка на фудбалерот Рафаел ван дер Варт, одигра импресивен турнир и целосно ја заслужи оваа награда.

Две поранешни вардарки, Радичевиќ и Харем, се најдоа во идеалниот тим на шампионатот.

Идеален тим на СП во ракомет (ж):
Голман: Тес Вестер (Холандија)
Лево крило: Јованка Радичевиќ (Црна Гора)
Лев бек: Алехандра Барбоса (Русија)
Среден бек: Ана Виахирова (Русија)
Десен бек: Естевана Полман (Холандија)
Десно крило: Камила Харем (Норвешка)
Кружен напаѓач: Лин Блом (Шведска)

Холанѓанката Луис Абинг, која постигна 71 гол, е најдобар стрелец на шампионатот.