Појтерс од Макаби се сели меѓу „манекените“ од Милано

Американскиот кошаркар Алекс Појтерс е нов играч на Милан, потврди клубот шампион на Италија.

Појтерс минатата сезона настапуваше за Макаби, а со италијанскиот клуб потпиша едногодишен договор. На 16 натпревари во Евролигата минатата сезона, американскиот центар имаше просек од 7,8 поени и 3,6 скока по натпревар. Пред Макаби играше за Зенит и Галатасарај во Европа.

Еторе Месина се надева дека може да го убеди и Никола Миротиќ и да го комплетира преодниот рок на „манекените“.