Погледнете кога игра Македонија: ЕХФ ги објави саатниците на ЕП 2022

Европската ракометна федерација (ЕХФ) испрати допис во кој ги објави саатниците за натпреварите кои ќе се играат на Европското првенство (ЕП) кое на стартот на 2022 година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Нашиот национален тим обезбеди место на собирот преку квалификациите и го чекаат три средби во првата групна фаза, против селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора. Само дерби-дуелот со Данците ќе се игра во централниот термин, додека останатите два се попладневни.

Македонија - Словенија (13 јануари, 18:00)
Македонија - Црна Гора (15 јануари, 18:00)
Македонија - Данска (17 јануари, 20:30)

Нашиот национален тим ќе игра во групата во Дебрецен, Унгарија.