• Зоран Мишевски
Унгарскиот женски ракомет слави медал, а доминаторот во последната деценија, Франција, остана без место на пиедесталот на првиот шампионат без Оливие Крумбулц на клупата. Во „Штад хале“ во Виена, Унгарија славеше против Францијa со 25-24 (13-111) во малото финале на Европското првенство, кое оваа земја заеднички го организираше со Австрија и Швајцарија. Ова е прв медал по дванаесет години за унгарската селекција, најпријатното изненадување на континенталниот собир.
Десетина минути се играше израмнето, а по 6-6, Унгарките заиграа подобра одбрана и на одмор заминаа со +2. Цврстите одбрани на двете страни донесоа многу помалку голови во вториот дел и во 56. минута Франција израмни на 23-23. Заади Деуна погоди, а Глаусер се разбрани и Французинките ги вратија своите опции за бронза. Сепак, Софи Земери со своите одбрани не дозволи пресврт, а и со пробивање во одлучувачкиот напад Французинките ги распрскаа шансите за продолжение. Унгарија на крајот славеше со 25-24 во еден од најубавите натпревари на првенството.
Најдобри во унгарскиот табор беа Катри Гита Клубер со девет гола и Софи Земери со тринаесет интервенции, а кај подновената Франција се истакнаа Нзе Минко, Фопа и Заади Деуна со по четири погодоци.
Финалниот натпревар меѓу скандинавските ривали Данска и Норвешка се игра попладнево од 18:00 часот.



