Подравка со минимален триумф патува на реваншот кај Брест во женската ЛШ

Екипата на Подравка извојува минимален триумф (27-26) над Брест Бретања Хандбол во првиот осминафинален дуел од женската Лига на шампиони. 

Хрватскиот состав подобро влезе во мечот, имаше предност од два гола разлика во неколку наврати, но потоа гостите се вратија во добар ритам и се изборија за егал на паузата (13-13). 

Второто полувреме повторно понуди неизвесност до самиот крај, во кој домашниот тим се покажа како поумешен и заслужено се избори за минимална позитива пред реваншот кој е закажан за 29 март. 

Најефикасна ракометарка во победничкиот состав беше Плетикосиќ со осум гола, а два помалку на спротивната страна постигна Русинката Вјакирева.