ВИДЕО: Лесјак фати пенал за реми со глава, Естонците имаат за што да жалат!

Ракометарите на Словенија ја оправдаа фаворитската улога и иако со подмладен тим се радуваа на гостувањето кај Естонија (28-29) во второто квалификациско коло на патот кон Европското првенство. 

Естонците пак покажаа дека можат да одиграат на високо ниво, па му парираа на фаворитот. Гостите диктираа темпо и беа подобри во првиот дел, ама на полувреме се замина со 14-14. Водеше домаќинот на средината од второто полувреме имаше 24-22, а потоа следеше пад. 

Словенечките ракометари заиграа посигурно и тоа го материјализираа со пресврт и минимален триумф. Неверојатна сцена се случи во последните секунди, Естонците имаа пенал за реми, а на голот застана Урбан Лесјак. Искусниот голман одбрани практично со глава, бидејќи топката го погоди в лице и го сочува водството на својата земја.

Домен Макуц беше играч на натпреварот со 13 реализации кај Словенија, а Нејц Цехте од Еурофарм Пелистер даде пет. Во домашниот табор Хендрик Варул имаше „девет од девет“.

Словенија е лидер во групата со четири бода, Литванија и Македонија се на по два, а Естонците се на нула.