Почнува сезоната на евро-купови, македонските судии делат правда во Шведска

Викендов започнува европската клупска ракометна сезона, со натпреварите од квалификациите на Европската лига. Благодарение на „вајлд-картата“ на Еурофарм Пелистер, македонскиот претставникк во второто по квалитет натпреварување на Европа, нема да игра квалификации. Така, Вардар 1961 веќе ги знае своите противници и потенцијални противници во групниот сегмент, а викендов се играат првите квалификациони натпревари.

Македонски судии ја делат правдата на натпревари во Скандинавија. Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се делегирани за натпреварот меѓу Кристијанштад од Шведска и Грањољерс од Шпанија. Натпреварот се игра во „Кристијанштад Арена“ утре од 15:00 часот.

Вториот шведски претставник, Иштад, исто така игра на домашен терен. Утре од 16:00 часот во „Иштад Арена“ гостува португалски Маритимо, а правдата ќе ја делат Виктор Начевски и Даниело Божиновски.

Возвратните натпревари се играат следниот викенд.