Почнува Бундеслигата: Се врати Генсхајмер, Јиха ги презеде „зебрите“, Флензбург не ја дава титулата

Најсилниот ракометен шампионат во Европа, германската Бундеслига денес стартува со уште едно поглавје. Оваа сезона во шампионатот на Германија е насловена е како историска. Првата причина е Кил и ерата после Алфред Гисласон. Исланѓанецот нема да ја води екипата од „Шпаркасен Арена“ по повеќе од една деценија, а на негово место ќе дебитира Филип Јиха. „Зебрите“ го тестираа Чехот како помошник тренер минатата сезона и сметаат дека токму тој може да ја продолжи низата на Сердарушиќ и Јиха.

Новина кај Кил е заминувањето на Србинот Вујин по долги години минати на позицијата десен  бек и голманот Андреас Волф кој замина во Полска.

Затоа пак враќањето на Уве Генсхајмер во Рајн Некар Левен е една од приказните на летото. Поранешниот клуб на Манасков и Талески сигурно добива лидер и крило со неверојатна реализација. Трендот на Николај Јакобсен треба да го продолжи Кристијан Андресон, кој беше назначен уште пред половина година. Лагард е големо засилување, а „лавовите“ треба да се многу посилни од минатата сезона и да ја нападнат титулата на Флензбург.

Актуелниот шампион и од вчера Суперкуп победник ништо не менуваше, ако се исклучи заминувањето на Лауге Шмит. Екипата е супер-компонирана, релативно млада и победнички настроена. Со две титули по ред и драгоцено искуство како се победува на вакви долги натпреварувања пак Флензбург е фаворит број еден. 

Меѓу екипите од кои многу позитивно се зборува и која треба да го направи потребниот исчекор е и Магдебург. Екипата на нашиот Филип Кузмановски одигра беспрекорна претсезона и ако го повтори ланскиот старт на сезоната може да се вмеша дури и во зоната за место во Лигата на шампионите. Свртен е нов лист, бидејќи по подолго време Вебер нема да го носи зелено-црвениот дрес.

Каи Хефнер во Мелсунген и Дејан Милосављев во Фуксе Берлин се уште два трансфери кои го одбележаа летото во Германија. 38-годишниот Карстен Литлајн од Ерланген со 609 натпревари се наоѓа само на девет натпревари од рекордот по бројот на натпревари во Бундеслигата на Јан Холперт и со сигурност ќе го собори оваа сезона.

Македонија сезонава ќе ја претставуваат пет ракометари во најсилната лига во светот. по Миркуловски и Талески, новајлии во Бундеслигата се Пешевски, Кузмановски и Томовски.