• Зоран Мишевски
Најавените коренити промени во унгарскиот ракомет почнаа да се случуваат. Унгарската ракометна федерација му врачи отказ на селекторот Чема Родригез. Главна причина за отказот е неуспехот на Унгарија да обезбеди пласман на Светското првенство, откако во драматичен двомеч подобри од Унгарците беа српските ракометари.
Во периодот од 2022 до 2026 година, под водство на шпанскиот стратег, унгарската машка ракометна репрезентација забележа забележителен напредок и континуитет на големите натпреварувања.
Унгарската ракометна федерација сè уште нема официјализирано конкретни имиња како кандидати за наследник на Чема Родригез. Раководството најави дека процесот за избор е започнат, но не челниците брзаат со конечната одлука, бидејќи следниот собир на репрезентацијата е дури во ноември.
