Почна Мундијалот, но и филтерот за Олимписки игри: Седмо, осмо и деветто место носат квалификации?

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Македонија денес го почнува Светското првенство, но и првиот филтер за пласман на Олимписките игри во Токио. Нема да биде лесно да се стигне до олимпиското доигрување, а покрај овој Мундијал, шанса ни е и Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

Покрај домаќинот Јапонија, на следниот ракометен турнир на Олимписките игри во 2020 година, место има уште за 11 селекции. Една ќе добие директен пласман со освојувањето на шампионатот во Германија и Данска, а од второ до седмопласираните ќе играат во олимписките квалификации во април 2020 година.

Теоретски може да се ослободи место и за осмо и за деветтоплсираната селекција, но за тоа потребен е расплет на континенталните собири. 

За да се најде на овие места, репрезентацијата на Раул мора да се квалификува во главната групна фаза и таму да освои што е можно повеќе бодови.

Ако не успее во својата намера, нашиот национален тим ќе има шанса на Европското првенство, секако доколку таму се квалификува. Македонија почна со победа и пораз во групата со Исланд, Грција и Турција.

Во нашата историја двапати игравме олимписки квалификации, со Шундовски во 2013 година во Гетеборг и со Обрван во 2017 година во Гдањск, но во двата случаи не се квалификувавме на големиот собир.