Почна „македонската“ битка во Романија: Митревски подобар од Даскаловски

Тимовите на Политехника Темишвар и Доброгеа Суд Констанца, каде бранат репрезентативните голмани на Македонија, Златко Даскаловски и Никола Митревски, ја започнаа битката за петтото место во романскиот шампионат.

На првиот меч во Темишвар, победија гостите со 22-23 и со победа на возвратниот меч за седум дена ќе го освојат петтото место. Доколку слави Темишвар, ќе обезбеди мајсторка на домашен терен. 

Даскаловски во поголем дел од мечот беше на терен и имаше 11 одбрани, а постигна и еден погодок, додека Митревски беше клучен човек во гостинската екипа, бидејќи забележа 15 интервенции. Велко Маркоски играше стандардно во одбраната на Констанца.