Почит за „Чкембари“: Радовиќ со „селфи“ со македонските навивачи (ФОТО)

Црна Гора ја победи Македонија, по крајот на натпреварот во нашиот табор и кај нашите навивачи не владееше баш најдобро расположение, но, сепак, дел од групата на трибините доби знак на почит од еден од противничките играчи.

Мирко Радовиќ настапува за црногорската селекција на ова Европско првенство, а во Битола каде го носи дресот на Еурофарм Пелистер е еден од најпочитуваните играчи, ако не и најпочитуваниот. По крајот на мечот во Дебрецин, крилото направи фотографија со македонските фанови.

Група од „Чкембарите“ беше присутна на на мечот против Црна Гора, а Радовиќ од знак на почит не ги одмина.