Победничко фото во соблекувалната на Македонија: Европа, ние пак доаѓаме!

Македонската ракометна репрезентација се пласира на ново Европско првенство во својата историја, а атмосферата во националниот тим по триумфот над Грција беше славенчика.

Предводени од Данило Брестовац, ракометарите забележаа три победи и едно реми на четири средби и како лидери одат на континенталниот собир. Во соблекувалната во Струмица се славеше, а ракометарите заеднички порачаа - „Европа, ние пак доаѓаме!“.

За Македонија ова ќе биде шесто Европско првенство во историјата, или вкупно петто во низа. Ракометарите го задржаа континуитетот на големите натпреварувања и повторно во јануари ќе се обидат да ја радуваат нацијата со настапите меѓу европскиот ракометен крем.