По одличните партии во плеј-офот Јевтиќ доби нов договор од Бутел

Екипата на Бутел продолжува да го гради ростерот за следната сезона, во која одново ќе проба да ги нападне европските места, откако оваа ја заврши на петтата позиција на табелата и не доби виза за квалификациите за Европската лига.

По одличните настапи во суперлигашкиот плеј-оф, кружниот напаѓач Владимир Јевтиќ се обврза на нова едногодишна соработка и во Бутел ќе остане најмалку до летото 2022 година.

„Среќен сум што го продолжив договорот со Бутел Скопје. Никогаш досега не сум играл во екипа што има таква хемија и такво другарство. Благодарен сум им на сите во клубот за преубавите пет месеци, сигурен сум дека следната година ќе биде уште подобра. Имам само убави зборови за клубот, управата, тренерите, и среќен сум што и следната сезона ќе бидам дел од ова екипа. Едвај чекам да ја видам и публиката на трибини и сигурен сум дека ќе обезбедиме место во европските купови“, вели Јевтиќ.

Претходно, Бутел го продолжи договорот и со Младеновски, дека новајлија е хрватскиот бек Денис Тот.