ФОТО: По нотите на Кире Лазаров Македонија танцува во „Краков арената“

Седум гола од осум обиди, две асистенции, одлична индивидуална и колективна игра, голема самодоверба за соиграчите на влезот на мечот - капитенот Кирил Лазаров го одигра своето најдобро полувреме на шампионатот.

Видливо беше дека Норвешка нема решение за креативноста на нашиот капитен, кој само еднаш не ја погоди целта, кога од седум метри стрелаше во левата статива од норвешкиот гол. Но, со ова издание на нашиот најдобар ракометар мораме да бидеме оптимисти пред вториот дел.

Посебно откако првиот заврши со за нас поволни 17-13.