По неуспехот со Бразил: Хрватска во полуфинале ја носи само чудо

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентацијата на Хрватска имаше перфектен старт на Мундијалот, но по поразот од Бразил на стартот на втората рунда, се е упропастено и само чудо може да ја однесе во полуфиналето на Мундијалот.

До крајот на вториот круг, Хрватска има мечеви против Германија и против Франција. „Каубоите“ на Червар за да одат понатаму ќе мора да ги победат и двата меча, што е премногу тешко.

Постои можност Хрватска да оди понатаму и со помалку од осум бода, но за тоа ќе биде потребно чудо и Исланд ќе мора да ја изненади Франција, или, пак, отпишаната Шпанија да слави против Германија.