Горан Крстевски по една година се разделува со Линц?

За разлика од Никола Костески, вториот Македонец кој оваа сезона настапуваше во редовите на австриски Линц, Горан Крстевски во следната сезона ќе има нов предизвик во својата кариера. 

Македонскиот репрезентативец по неколкуте сезони одиграни за Еурофарм Пелистер, минатото лето се реши за прв интернационален ангажман и го засили Линц, но по само една година ќе бара нова средина. 

24-годишниот среден бек е изданок на ресенската школа, од каде преку Металург 2 во 2015 година дебитираше за првиот тим на Металург. Во 2017 година се сели во тимот на Еурофарм Работник, а по трите сезони во Битола потпиша за Линц.

Инаку, неговиот соиграч Никола Костески, кој одигра фантастична сезона, се реши да ја прифати понудата на клубот и го продолжи договорот на уште една сезона.