Плеј-аут: Прилеп пресилен за Скопје, службена победа за Еурофарм Пелистер 2

Почетокот на плеј-офот на Суперлигата денес донесе побееди за двата пелагониски ривали. Засилениот Прилеп на Божидар Мојсов во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ го надигра Скопје 2020 со 32-24, со доминација во текот на сите шеесет минути. 

Владан Кастратовиќ со девет и Рајатоски и Цветаноски со по пет гола беа најефикасни меѓу прилепчани, а прилепчанецот кај Скопје 2020, Шокоски се истакна со девет гола кај Скопје. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Прилеп и Скопје 2020: 

Дуелот меѓу Аеродром и Еурофарм Пелистер 2 попладнево не се одигра, бидејќи домаќините не излегоа на терен и натпреварот беше службено регистриран со 0-10. Настапот на Аеродром во плеј-аутот е доведен под знак прашалник и новиот суперлигаш веројатно ќе се откаже од настап.

Разигрувањето за опстанок започна вчера со гостинската победа на Мулти Есенс против Голден Арт, а колото утре ќе се заврши со дуелот Куманово - Вардар Неготино.