„Плата од 120.000? Тоа е голeма лага, Џерона заработува многу помалку“

По долгиот период на стагнација и големи внатрешни проблеми и несогласувања, ракометната репрезентација на Србија конечно почна да наличува на себе, а за тоа се доказ резултатите од квалификациите за следното Европско првенство.

Победа и реми над велесилата Франција и триумф над Грција е скорот на Србија по трите одиграни кола во квалификациите, а најголемите заслуги за овие резултати одат во името на новиот стратег Тони Џерона. Откако Шпанецот седна на кормилото, „орлите“ им се вратија на победите, а поради успешниот старт, тамошните медиуми шпекулираат дека федерацијата е подготвена да му понуди нов договор на Џенора кој ќе тежи неверојатни 120.000 евра годишно. Наводно сегашната месечна плата изнесува 6.000 евра, а со новиот договор ќе добие покачување за уште 4.000 евра.

Сепак, како што тврди „Mozzart“, повикувајќи се на свои извори блиски до Ракометниот сојуз на Србија, оваа информација била тотално неточна. Во објавата на еден од најелитните српски спортски медиуми стои дека Џерона моментално не само што не заработува по 6.000 месечно, туку неговата вистинска плата била далеку пониска. 

Инаку, шпанскиот стратег има и клупски обврски, односно е на чело на францускиот прволигаш Шартр.