„Пламнаа“ билетите за дербито: Веднаш распродадена салата во Битола!

Ракометната јавност следната седмица ќе биде посветена на „вечното“ дерби кое ќе се одигра во Битола меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и актуелниот лидер Вардар 1961. 

Се очекува овој натпревар да биде клучен, бидејќи за пелистерци ќе биде од круцијална важност да победат и да се одржат во трката за титулата. Поради важноста билетите за дербито „пламнаа“ веднаш и за петнаесетина минути по пуштањето во официјална продажба повеќе немаше достапни карти. 

Најголемото ракометно дерби во Македонија ќе биде во полн сјај, со две навивачки групи на трибините. Освен домашните „Чкембари“, најавено е присуство и на скопските „Комити“ кои ќе допатуваат на гостувањето. 

Средбата се игра в среда во терминот од 18:00 часот.