• Горан Упале
Еден од најдобрите германски ракометни клубови, Флензбург, зад сцената веќе работи на трансфер-пазарот и на доведување на нови ракометари за следната сезона.
Познато е дека Симон Питлик од јуни 2027 година ќе се пресели во Фуксе Берлин, но според последните информации кои доаѓаат од Германија, овој трансфер може да биде реализиран уште по завршувањето на оваа сезона. Но, за тоа да се случи, треба да се поклопат неколку коцки. Наводно, раководството на Флензбург веќе започна преговори со двајцата најдобри ракометари на Португалија – браќата Франциско и Мартим Коста.
Покрај нив, интерес имало и за нивниот татко Рикардо, па нема да биде изненадување доколку целото семејство Коста во пакет од следната сезона да се пресели во еден од најракометните градови во Германија.



